Црн ден за Македонија: Повторно голем број на починати од коронавирус - најмногу од нив се од Скопје

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти, а починати 35.

Десет од починатите пациенти се од Скопје на возраст од 46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66 години, тројца од Куманово на 67, 82 и 79 години, еден од Штип на79 години, двајца од Прилеп на 68 и 69 години, еден од Тетово на 84г, еден од Велес на 73 години, двајца од Битола на 88 и 77 години, еден пациент од Охрид 82 години, еден од Кавадарци 73 години, четири пациенти од Гостивар на 75, 73, 50 и 43 години, еден од Дојран – ПЕ Гевгелија на 65 години, двајца од Струмица на 48 и 75 години, еден од Радовиш на 76 години, еден од Кочани на 67 години, двајца од Берово на 70 и 53 години и двајца пациенти од Кичево на 54 и 70-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687. Рекордот засега е 40 починати за 24 часа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа