ЦЈЗ Куманово: 17 новозаболени, 13 оздравени од Ковид 19, активни 200 случаи

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира, 17 нововозаболени лица од Ковид 19, од кои 16 од Куманово и еден пациент од општина Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 13 лица.

– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица, од семејства, колеги, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска извршени  се  33 тестирања од кои 28  преку  „Мој Термин“ и  пет   тестирања согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.628, а во моментов активни се 200 случаи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега