ЦИВИЛ: Починати лица и фантоми и понатаму на избирачки список

 

Во пресрет на рефендумот кој треба да се одржи во Македонија на 30 септември, а во текот на првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список, до ЦИВИЛ пристигнале десетина пријави за проблеми.

„Старите проблеми, наспротив уверувањата од политичарите и ДИК, се уште се евидентни. Фантомите во Избирачкиот список се вратиле и удобно се сместиле на адресите на граѓанките и граѓаните што се јавија во нашата организација“, велат од ЦИВИЛ, пренесе Мафакс.

Добиле и пријава за починато лице што се уште фигурирало во Избирачкиот список.

 

 

 

10.08.2018 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа