Ципрас со видео-порака: Дојде време за вистината за Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска објави видео на својот Фејсбук со објаснување за Договорот од Преспа.

Тој истакнува дека дошло време да се изнесат факти за Договорот со Македонија и да се дознае вистината.

- Ја штитиме нашата покраина Македонија, Го поминуваме стравот, отвараме пат за мир, стои во неговата порака.

Според него Договорот е камен-темелник на балканското пријателство.

- Нашите соседи сега прифаќаат дека нивниот јазик е Словенски и дека културата не им е поврзана со нашата. Го признаваме државјанството, а не етнички групи. Нема иредентистички илузии, менуваат култура и имиња на споменици, вели тој.

Видео пораката е долга 107 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега