Ципрас: Мицотакис да заземе став за позицијата на Самарас за Договорот од Преспа

Ципрас во завршното обраќање на централниот комитет за обнова на СИРИЗА, рече дека станува збор за став на поранешен премиер и „човек кој и сега има многу големо влијание на пратеничката група на Нова демократија“ и коментираше дека Мицотакис мора да заземе став бидејќи е прашање кое не се однесува на внатрешно-партиските прашања, туку „за клучните теми што се однесуваат на кредибилитетот на земјата, во клучните национални прашања, мора да заземе јасна позиција“.

-Може ли тој самиот и неговата влада да го гарантираат овој договор? Го почитува овој договор, како што рече госпоѓа Бакојани, и ќе се придржува до него или Грција ќе треба се откаже затоа што не оди напред, како што побара господинот Самарас? Бидејќи ако Нова демократија, а главно владата, не разјасни дека може да го гарантира спроведување на Договорот од Преспа, тогаш остава широк отворен прозорец за дестабилизација, не само на регионот, што веќе постои, источно и југоисточно, туку и на северот на земјата. И тоа е голема национална одговорност, вели Ципрас.

Поранешниот грчки премиер уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа е еден од најголемите успеси на претходната влада и дека за СИРИЗА е патриотски договор што дава можност за стабилизација на регионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега