Ципрас ја прифати оставката на Каменос

По повлекувањето на Панос Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Циприс набргу ќе побара доверба од Парламентот, ова го соопшти Ципрас по завршувањето на средбата со лидерор на Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава по средбата, Ципрас рече дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил. И додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.

Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега