Циклонот Роберт ќе донесе врнежи и грмежи - следува промена на времето

По студениот фронт изминатава недела кој донесе невообичаено ниски минимални температури на воздухот кој во Беровскиот регион како и на повисоките и планинските места се спуштија под нулата ни следува нов циклон – Роберт, информира метеорологот Славчо Попоски.

Истиот уште во текот на утрешното попладне ќе услови повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во западните и во северните предели од државава, има услови и за локална појава на грмежи. Повремени врнежи од дожд ќе има и во вторник но со тоа што атмосферата ќе биде поисполнета со енергија па така локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 утре и од 17 до 24 степени во вторник додека пак минималните исто така ќе бележат тенденција на пораст. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од јужен правец и истиот особено на југозапад ќе засилува по интензитет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега