Циклонот Марко се доближува кон Македонија - очекувајте драстична промена на времето

Под влијание на изразениот циклон Марко во текот на следните денови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи и тоа со променлив интензитет, на ниските места ќе бидат од дожд додека на повисоките и планинските места ќе бидат од снег со што ќе има понатамошно зголемување на веќе постоечката снежна покривка, информира метеорологот Славчо Попоски.

Повремено врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои од пониските места особено на запад и на север од државава.

Локално врнежите ќе бидат поинтензивни и во текот на следниот период се очекува да наврнат над 40 л/м3 воден талог, ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Од четврток поради продор на постуден воздух од север ветерот ќе го промени правецот во северен и веќе од петок врнежи од снег ќе има и на повеќе пониски места со што има услови за формирање на снежна покривка.

Од петок максималните температури ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 во поток и веќе во сабота ќе биде уште постудено со максимални температури од -3 до 5 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега