Циклонот Глорија ќе ја покаже силата - денеска уште пострашно невреме

Под влијание на циклонот Глорија  во текот на денешниот ден (среда) ќе имаме променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер кој ќе бидат особено изразени доцна попладне и навечер кога особено во западната и југозападната половина на државава локално ќе има поинтензивни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат околу па и над 20 л/м2 воден талог за кратко време а не се исклучува можноста локално низ државава процесите повторно да бидат застапени во форма на невреме проследено со силен ветер, електрични празнења, интензивен пороен дожд и услови за појава на град.

Како што стои во временската на Славчо Поповски, македонскиот метеопрогнозер, максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на следниот период што значи влегуваме во нов нестабилен период.

 

 

 

 

15.08.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега