Циклон во Австралија остави илјадници домаќинства без електрична енергија

Тропската бура Сероха на западниот брег на Австралија уништи голем број куќи, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, соопштија денеска властите.

Оштетени се околу 70 проценти од куќите во крајбрежниот град Калбарија, од кои околу 30 проценти се значително оштетени, рече Дарин Клемс, комесар за службата за итни случаи во Западна Австралија.

Локалните власти потврдија дека се отворени три центри за евакуација.

„Ситуацијата во западна Австралија е сè уште многу сериозна“, рече австралискиот премиер Скот Морисон, повикувајќи се на планот за активирање на сојузната влада за итни случаи.

Тропската бура ослабе и нејзината слабост ќе продолжи и денес, сепак, властите предупредуваат на силен ветер и силен дожд кои претставуваат потенцијална опасност.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега