Цигарите поскапуваат за 3 денари

Ќе поскапат цигарите. За колку и од кога, од тутунска индустрија прават пресметки. Согласно новиот законот за тутун, кој беше изгласан денеска, се уникува надоместотокот за тутунски добра , а давачките за цигари влегуваат во законот за акцизи. Според него, за секоја произведена или увезена цигара се ќе  плаќа по 0,15 денари од парче, или за кутија цигари по речиси 3 денари. За секоја произведена или увезена пура  или цигаролис пак по 10 енари од парче.   Собранието денеска ги изглас измените кои стапуваат на сила веќе од следниот месец. Надоместок не се плаќа кога произведената количина е извезена.

Со измените се заоструваат и казните . Од 15 до 20 ,000 евра ќе плаќа правното лице ако врши производство на тутун, без да склучи договор за производство и откуп со откупувачот,  не употребува семенски материјал од откупувачите на тутун, ако проценката ја врши проценувач кој нема лиценца, Ако пушта во промет цигари кои на  пакувањата немаат податоци за содржината на катран, никотин и јагленороден моноксид во милиграми, врши продажба на одделни цигари надвор од оригиналното пакување и слично. Глоба од 2 до 3.000 евра ќе плати и одговорното лице во прваното лице.

 

Акцизата постепено ќе се зголемува во наредните 10 години, а од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 ќе изнесува 0,20 денари по парче за секоја цигара. Од 1 јули следната година , заклучно со 1 јулу 2023, износот на акциза на тутун за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголеми за 50 денари по килограм во секоја година. Од Владата велат дека зголемувањето на акцизите е во функција на намалување на потрошувачката на овие производи и заштита на здравјето на населението. 

најчитано сега