Астролозите предупредуваат дека кај одредени хороскопски знаци, „темната страна“ на нивниот карактер може да биде особено сурова кога ќе се најдат во конфликт. Според ѕвездите, постојат три знаци кои се склони кон студено, пресметано и одмаздничко однесување.
Прва на листата е Шкорпијата, која важи за знак со интензивни емоции и силна потреба за контрола. Тие не забораваат лесно и често манипулираат тивко, подготвувајќи ја својата одмазда долгорочно. Веднаш по нив е Јарецот, кој во конфликтите делува ладно и немилосрдно. Јарците користат дистанца и авторитет како форма на казна, не оставајќи простор за компромис.
На листата се најдоа и Близнаците, кои својата злоба ретко ја покажуваат во отворен конфликт. Наместо тоа, тие се служат со шарм за да манипулираат со информации, трачеви и зборови, што ги прави непредвидливи противници.

