Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

 Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на домашна адреса на граѓаните.

Ваквата можност нема да важи за пасошите бидејќи за нив при подигањето на документот е потребно е да се остави отпечаток од прст.

– В понеделник ќе го смениме правилникот при што во оние ситуации кога тоа е неопходно ќе се остави можност личните документи, односно личните карти и возачките дозволи, да може да се доставуваат од страна на полициски службеници на домашните адреси. За патните исправи не постои техничка можност бидејќи мора да се земе повторно отпечаток од прст, рече Чулев, одговарајќи на новинарска прашања на прес-конференција.

Додаде дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст.

Чулев информира и дека на ниво на Влада се разговара и за можноста во следниот период да им се дозволи на сопствениците на миленици кои живеат во колективните станбени објекти да ги изнесуваат милениците на одредено растојание од објектите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега