Чулев: Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам полицајците да ја добијат наградата која ја заслужуваат

Полициските службеници изминатиот период преземајќи широк спектар активности имаа важна улога во справување со пандемијата од Covid 19, и тие покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионалност.  Но, нашата работа не застанува тука, ние и понатаму имаме одговорност да се грижиме за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните, потенцираше Чулев на состанокот.

Изминатиот период полицијата покажа дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап треба да продолжи и во иднина. Во таа насока Чулев потенцираше дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата кои се насочени кон превенција од Коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители. Со таквиот начин на работа ќе ја потврдат стратешката определба на Министерството за внатрешни работи, за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето.

Како министер за внатрешни работи тој и понатаму останува на ставот дека законите треба да се спроведуваат во целост и дека полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи.  Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам тие да ја добијат наградата која за заслужуваат со одговорносто извршување на работните задачи, заклучи Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа