Чулев потврди: МВР врши претреси во близина на Скопје поради недозволена трговија на дрога

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев ја потврди информацијата дека во овој момент полицијата врши голема акција за спречување на недозволена трговија со дрога.

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога, напиша Чулев на социјалната мрежа Фејсбук.

Вели дека целиот капацитет на МВР е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата.

-Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден, напиша Чулев.

19.02.2020 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега