Чулев: Бескомпромисна борба против изборни нерегуларности

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска ги посети единиците за внатрешни работи Ѓорче Петров и Чаир, при што оствари работни состаноци со раководствата на двете одделенија за внатрешни работи, упатувајќи апел двете полициските одделенија сериозно и професионално да пристапат кон организација на претстојните предвремени парламентарни избори.

-Евентуални изборни нерегуларности ќе бидат директен удар кон угледот, пред се, на полицијата, а потоа и на државата, потенцирал Чулев, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Чулев истакнал дека е потребно полициските службеници да постапуваат максимално професионално и неселективно во секој случај каде постојат елементи на кривични дела против изборите и гласањето, без разлика на политичката припадност на оние кои ќе го прекршат законот, имајќи предвид дека овие избори се од големо значење за европската перспектива на земјата.

-Бескомпромисната борба против сите видови на изборни нерегуларности ќе ја потврди одлучноста на нашата земја да ги исполни сите стандарди кои се потребни за почнување на преговорите за влез во ЕУ, нрекол министерот Чулев.

На средбите е констатирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е добра и во изминатиот период не се евидентирани потешки кривични дела, освен случајот во Ѓорче Петров каде беше фрлена експлозивна направа на трговски објекти, кој е сопственост на родителите на носител на листа од една политичка партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега