Чулев: Ако одлуките не се носат со политички консензус ни се заканува и политичка криза

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за Сител рече дека вчера не гласал за Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес бидејќи, како што рече, целосно го дерогира Изборниот законик.

Според него, денот на одржување на изборите треба да биде поставен од претседателот на Собранието бидејќи неговиот мандат се уште трае.

Вели дека доколку одлуките не се носат со политички консензус, здравствената и економската криза би можела да стане и политичка.

-Кога ќе се објави во Службен весник, Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе неопходните активности за доставување на сите неопходни податоци до Државната изборна комисија и во координација и соработка со ДИК, МВР ќе постапи ќе постапи согласно насоките. Иако се работи за многу краток период и во сериозно прашање е квалитетот на кој ќе се реализираат, рече Чулев.

Денес гостував во вестите на Сител ТВ. Разговаравме на актуелни теми поврзани со организација на изборите, постапувањето...

Posted by Наќе Чулев on Thursday, 11 June 2020

11.06.2020 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега