Чудесно: Слеп човек развил техника со која гледа (ВИДЕО)

 

Американецот Даниел Киш кој има 47 години речеси целиот свој живот е слеп, а живее како да нема никаков хендикеп. 

Тој користи техника која е наречена ехолокација со чија помош сам се шета низ градот, вози велосипед и планинари.

Се работи за техника со која слепите луѓе ги слушаат сите звуци со помош на својот јазик, така што одредуваат што каде се наоѓа од нештата што ги опкружуваат.

- Техниката ја усовршив до перфекција. Произведувам звук со устата. Со помош на тј звук заклучувам кој и што е околу мене и можам да се движам како да немам хендикеп, вели Даниел.

- Уморен сум од приказните дека слепите лица треба да седам дома и ништо да не прават во животот, додава Даниел.

најчитано сега