„Човекот кој за малку ќе ја убиеше Тesla“: Илон Маск откри непознат детаљ од минатото

Илон Маск го открил идентитетот на личноста за која тврди дека за малку ќе ја убиел „Tesla“.

Во објава на Твитер, Маск го осудил Мартин Еберхард, поранешен генерален директор на компанија за електрични возила, велејќи дека би сакал никогаш да не го сретнел во животот.

„Еберхард е убедливо најлошата личнoст со која некогаш сум работел. Со оглед на бројот на луѓе со кои сум работел во текот на годините, тоа навистина нешто кажува“, напишал Маск.

Тој тврди дека инвеститорот и претприемач од Сицилијанската долина речиси ќе ја уништел „Tesla“ поради лошите управнички одлуки и отпуштање на талентирани луѓе.

Маск исто така го обвинил и за голема грешка и измама за реалната цена и распоред на електричниот автомобил „Tesla rodster“.

Инаку, Мартин е коосновач на „Tesla“, а со Марк Тарпенинг во 2003 година и наводно имал активна улога во раниот развој на компанијата пред учеството на Илон Маск. Еберхард ја напуштил компанијата во 2007 година поради неизвесни околности.

Тој бил отстранет од местото генерален директор што е одлука која ја донел одборот на компанијата на чело со Илон Маск. Истата година тој ја напуштил компанијата потпишувајќи договор за меѓусебно неомаловажување.

Тој во 2009 година поднел тужба против Маск тврдејќи дека претприемачот го исфрлил од компанијата, јавно го омаловажувал и ја загрозил компанијата на финансиски план.

Случајот бил решен надвор од судот и двајцата добиле дозвола да се наречат коосновачи на компанијата, наведува „Fox News“.

„Кога во одборот беа приложени сите докази за измамата на Еберхард и страшната состојба на компанијата, сите членови од одборот вклучувајќи ги и оние кои ги именуваше тој, едногласно гласаа да се отпушти од компанијата во август 2007 година“, напишал Маск.

 

14.11.2021 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега