Човечка грешка била причината за фаталната несреќа во Бугарија

Бугарското обвинителство на денешната прес-конференција истакна дека засега теоријата која е најверојатна е дека причина заради која се случила големата несреќа во Бугарија е човечка грешна.

Дополнително, ја влошило ситуацијата лошата инфраструктура и сигнализација, која е опасна. Исто така и лошото маркирање имало големо влијание врз фаталниот исход од несреќата.

Засега од автобусот биле извлечени 44 лица, а на списокот биле 45. Останува мистерија каде е еден човек, кој сигурно не е ниту меѓу мртвите, ниту меѓу преживеаните.

Од Бугарското обвинителство изјавија дека забележале дека циркулираат голем број на шпекулации. Оттаму велат дека немало ниту еден очевидец на несреќата.

Досега, како што соопштија на распит биле двајца преживеани кои биле будни и свесни. Во мометов, на распит биле уште двајца преживеани.

Важна информација која ја соопштија надлежните е дека се направени експертизи, а аутопсиите се веќе готови. Резултатите покажале дека луѓето починале од задушување од чадот

25.11.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега