Нико Чонески, кандидат за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес даде изјава за медиуми во која ги истакна предизвиците со кои се соочува Крушево, потенцирајќи дека е потребно итно решавање на наталожените проблеми и создавање услови за целосен развој на општината.
„Крушево кое за жал, колку што што е прекрасно, толку и проблеми има. Проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево, но и за жал значат и закана по здравјето на граѓаните на општина Крушево. Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно, паралелно со тоа, да имаме и развој во општина Крушево, развој на секој сегмент.
Почнувајќи од инфраструктура до култура, но најважно од се, во Крушево ни е потребно развој на економијата. За сето тоа да се случи, во Крушево е потребно да се направат промени“, истакна Чонески.
Чонески порача дека за Крушево да чекори напред, потребни се промени, енергија и визија кои ќе ја вратат општината на патот на напредок и достоинствен живот за сите жители.
Актуелно
- Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
- Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
- Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
- Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
- Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
- (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
- Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
- Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза


