Чоколаден пудинг без шеќер и брашно од кој ќе бидете сити половина ден

 

Пудинг кој не се вари, идеален е за брз појадок или вечера, а најдобро од сѐ е што можете да го јадете без грижа на совест.

Состојки:

1/4 авокадо
1 лажица лешници
½ лажичка чиа семе
1/2 лажичка сусам
1 лажичка семки од тиква
½ лажичка цимет
1/2 лажица кокосово масло
3 лажички какао
Зрела банана
1 лажичка мед по желба
Темно чоколадо за украсување

Приготвување:

1. Натопете го чиа семето во пола шолја вода.
2. Преполовете го авокадото по должина и излупете го.
3. Помешајте ги лешниците, сусамот, семките од тиква и смелете ги во млин за кафе.
4. Додадете им ја бананата, авокадото, омекнатиот путер, чиа семето со вода и циметот и мешајте во блендер најмалку една минута.
5. Додадете вода додека не ја добиете саканата густин. Украсете со рендано чоколадо.
6. Послужете и уживајте.

Совет: Лешниците можете да ги замените со бадеми или ореви, а можете да одберете и семки по ваша желба. Ако немате авокадо, ставете двојна количина кокосово масло.

 

 

 

14.05.2018 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа