Членовите на „Јавна соба“ ја бараат девојката што ја пријавила групата

Членовите на групата „Јавна соба“ на Телеграм ја бараат девојката која во полиција пријавила дека таму се објавуваат фотографии и лични податоци од девојки од Македонија.

Групата сѐ уште е активна и во овој момент брои над 6.100 членови кои разменуваат експлицитни фотографии. Откако вчера Сител објави дека групата повторно е активирана членови на групата објавуваа фотографии од можни девојки кои ја пријавиле групата.

После денешниот прилог за групата Јавна соба членовите во истата ја коментираа и ја бараат девојката која поднела...

Posted by Лила Милиќ on Tuesday, 26 January 2021

Во меѓувреме, расте револтот на социјалните мрежи. Граѓани бараат полицијата да се активира и да ја блокира групата, но се бара и одговорност за креаторот и за членовите кои споделуваат лични податоци од девојки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега