Членови на семејството на напаѓачот во Холандија: Го направи тоа поради семејни проблеми

Членови на семејството на напаѓачот од Утрехт изјавиле дека Ѓокмен Танис го извршил нападот поради семејни проблеми, јави „Анадолија“.

Тој наводно поради семејни проблеми утрово пукал во луѓето во трамвај. Најпрво пукал во член од неговото семејство, а потоа и во луѓето кои се обидувале да му помогнат на повредениот.

Според пишувањата на холандските медиуми, Танис имал нарушено ментално здравје, а пред две недели бил на судење поради силување.

Полицијата соопшти дека се разгледуваат повеќе можни причини за нападот и дека не е утврдено дали станува збор за терористички напад. Полицијата не ја исклучува можноста нападот да е извршен од семејни причини.

Танис со години не бил во контакт со татко му, кој живее во Турција. Се појавија и информации дека неговите родители се разведени, по што неговиот татко повторно се оженил.

Полицијата го уапси Танис неколку часа по нападот.  Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен, соопшти дека се убиени три лица, а дека девет се повредени. Подоцна полицијата соопшти дека се повредени пет лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега