Чифлиганец го сели бизнисот во Србија и Грција - ја откри и причината за тоа

Македонската градежна компамнија Адора инженеринг го сели бизнисот од Македонија во Србија и Грција.Причината, како што вели генералниот директор, Ванчо Чифлиганец, е неповолната клима во Македонија.

„Додека во Македцонија не се создаде поволна клима во градежништвото, Адфора инженеринг ќе работи надвор од границите на земјата“, рекол Чифлиганец во интервју за порталот Фактор, додавајќи дека една од причините за преселување е и неможноста за градење во скопската општина Центар во која постои мораториум за изградба на нови објекти.

Според него, макро развојот на Македонија не е возможен без микро или локален развој на општините.

„За македонската економија не постои ништо поважно од тоа земјоделците да работат, затоа што така го полнат буџетот на општината и државата“, истакнал Чифлиганец, кој се надева дека општина Центар ќе покаже зрелост и дека сите институции, вклучувајќи ги и општинските власти, ќе ги почитуваат судските одлуки со оглед на тоа дека Уставниот суд неодамна го укина мораториумот.

Адора веќе има компанија во Србија која во моментов гради на Златибор елитен стамнбено-бизнис комплекс од 7.000 квадратни метри.

Чифлиганец вели дека целиот комплекс ќе работи во склоп на хотелот, со кој ќе управува новата компанија Адора Хоспиталити Груп.

Тој исто така открил дека компанијата работи на два проекти во Грција, од кои еден на Халкидики. Тука се веќе изградени апартмани за продажба, а оваа година ќе се покрене и проект на островот Тасос каде ќе се изградат две станбени згради, при што дел од станбените единици ќе бидат наменети за издавање, а дел ќе бидат на продажба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа