Чичко го малтретирал 10-годишниот аутистичен внук: Го врзал за дрво во Градскиот парк Скопје

Грозоморна глетка ги затекнала вчера посетителите на Градскиот парк во Скопје, кога виделе како човек врзал со гума дете за дрво и го малтретирал, а неговата 9-годишна сестра ја мавал со прачка. Еден од посетителите го снимил овој морничав настан и го пријавил човекот во полиција, пренесува „А1он“.

Случајот завршил во Единицата за насилен криминал – се утврдило дека станува збор за чичко на 10-годишно момче со аутизам и за неговата сестра. Родителите наводно ги оставиле децата на чување кај чичкото, а тој се изживувал со нив и ги малтретирал, за што впрочем говорат и направените снимки.

До Основното јавно обвинителство од страна на Единицата за насилен криминал поднесени се пријави и против родителите и против чичкото, за запуштање и малтретирање малолетно дете.

Од обвинителството се чека дали ќе им биде одредена мерка притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега