Чибишев: Околу 20 и 40 отсто е поголем ризикот кај оние што злоупотребуваат марихуана да разијат шизофренија

Ризикот за некој да заболи од хронична депресија или да се здобие со анксиозност е поголем при пушењетo на марихуана, бидејќи таа делува директно хемиски врз централниот нервен систем. Покрај тоа, може да ја ослаби меморијата, како и да го поремети емоционалниот развој на личноста, а може да ја поремети и способност за концентрација, координација и перцепција, вели за „Слободен печат“ докторот Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, за најавите за легализација на марихуаната во рекреативни цели.

Чибишев е против ваквата најава, а како главни причини за тој став ги истакнува токму психичките проблеми, кои според него може да се појават од пушењето на марихуана.

Како едно од најопасните пореметување д-р Чибишев ја споменува шизофренијата и посочува и дека токму марихуаната може да го направи генот за добивање на оваа болест активен и таа да се појави кај одредени лица.

– Има студии кои покажуваат дека околу 20 и 40 отсто е поголем ризикот кај оние што злоупотребуваат марихуана да разијат шизофренија, доколку се носители на таков ген, со тоа што тој ген може цел живот да остане неактивен, но ризикот да се развие шизофренија се зголемува со пушењето – додава Чибишев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа