Четворица скопјани и двајца тетовци уапсени поради поседување на дрога

Четворица скопјани и двајца тетовци биле уапсени вчера поради поседување на дрога, информира МВР.

Вчера во 23:30 часот на ул. Влае, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(27) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана и две дигитални ваги со остатоци од дрога. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта во 22:30 часот на ул.Теодосиј Синаитски, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ф.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 23:30 часот на ул.Христо Татарчев, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Подоцна во 00:45 часот по полноќ на ул.Тодор Александров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Е.(24) од село Љубин,скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утровово 01:25 часот во с.Урвич,тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане ги лишиле од слобода А.А.(24) од село Јеловјане,тетовско и Г.Ј.(19) од село Урвич, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега