Четворица скопјани фатени со марихуана

Четворица скопјани во текот на минатиот ден биле фатени со марихуана, а кај едниот од нив била пронајдена и прашкаста материја.

-Вчера во 11.50 часот на регионален пат за ХЕЦ Козјак полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(39) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана, се вели во билтенот на МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 23.20 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е(26) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

 По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Синоќа во 02.30 часот во с.Горно Нерези, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(27) и И.Д.(26), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив биле пронајдени марихуана и ризли, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега