Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ

Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ.

Според медиумите, причината за смртта била жешкото време, односно екстремното прегревање. Се уште не е јасно како толку време девојчето било оставено во автомобилот од нејзиното семејство.

Јавното обвинителство на Бања Лука соопшти дека телото на детето, родено во Германија, било пронајдено вчера околу 16.30 часот.

Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител нареди да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.

Истрагата на лице место ја спроведе дежурниот обвинител на Јавното обвинителство во областа Бања Лука, Синиша Марковиќ, со полицајците на полициската управа во Бања Лука.

02.08.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега