Четири пожари низ Македонија во изминатото деноноќие

Четири пожари се евидентирани на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изминатово деноноќие, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во липковските села Ваксинце и Слупчане горела запалена сува трева и стрниште. Двата пожари се случиле по 15 часот и биле изгаснати со по едно противпожарно возило и една екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарникарите гаселе пожар и во Куманово во населбата „Перо Чичо“ на запален отпад по 22 часот.

Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе запалено стрниште во Старо Нагоричане во периодот од 20:10 до 20:35часот.

19.08.2022 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега