„Четири пати се обидела да се самоубие“: Скандалозен документарец ќе го разбесни кралското семејство

На Нетфликс доаѓа нов документарец за принцезата Дајана, за кој британските медиуми уште сега тврдат дека ќе ги разбесни принцовите Вилијам и Хари, но и целото кралско семејство.

Документарецот под името „Being me: Diana“ се занимава со мрачната страна на животот на најомилената принцеза во историјата – нејзините проблеми поврзани со менталното здравје, пореметувањето во исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс, но и тешкото детство. Документарецот наводно ќе се прикажува во четири дела, а британски „Сан“ пишува дека во него има тврдења оти Дајана се обидела да си го одземе животот во четири наврати.

Во документарецот наводно ќе се прикажат досега невидени снимки од Дајана од почетокот на деведесетите, а пред камера ќе застане и некој од нејзините најблиски соработници.

-Членовите на кралското семејство, како и членови на семејството Спенсер, ќе одбијат да бидат дел од документарецот. Вилијам и Хар ова ќе ги погоди. Хари особено, зашто соработувал со Нетфликс на неколку проекти, вели извор за „Сан“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега