Четири од пет луѓе сакаат да ги тргнат личните податоци од интернет, но третина не знаат како

Четири од пет луѓе се обиделе да ги тргнат своите приватни информации од веб-сајтовите или социјалните мрежи.

Корисниците ширум светот сакаат да преземат повеќе активности за заштита и одржување на контрола над својот лична приватност. Имено, корисниците стануваат посвесни за тоа каде сѐ на интернет се достапни нивните лични податоци.

Истражувањето, сепак, покажало дека 82 отсто се обиделе да ги тргнат приватните информации, но 37 отсто од нив не знаат како тоа да го направат.

Извештајот на компанијата „Касперски“, која вклучува ново истражување на ставови на корисници спроведени во 23 земји, ги проучува моменталните ставови според онлајн приватноста и кои чекори луѓето ги преземаат за да се спречи приватните информации паднаа во погрешни раце.

Особено е интересно што 24 отсто од корисниците тврдат оти нивните лични податоци или информации за нивното семејство станале јавно достапни без нивна согласност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега