Четири новозаразени и шест лица оздравени од коронавирусот во Кичево

Четири новозаразени со коронавирус и шест лица оздравени во Кичево, според податоците на Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 223 лице, од кои 131 се активни, 83 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас имаме четворица новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација. За среќа, пак, имаме шест лица оздравени од коронавирусот, информира Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега