Четири месеци по маскрот во џамиите, нов ужас во Крајстчерч - 6 лица повредени, наредена итна евакуација на луѓето

Во силна експлозија на гас во Крајстчерч, во Ноз Зеланд во кој пред 4 месеци се случи смртоносен напад во џамии, повредени се 6 лица, а над десетици станари се евакуирани од своите домови.

Експлозијата се почувствувала километри наоколу, а жителите најпрво помислиле дека е земјотрес или дека пукнала бомба.

Властите соопштиле дека станува збор за експлозија на гас, а истрагата е во тек.

Полицијата ја означила експлозијата како „сериозен инцидент“.

Пред 4 месеци терорист  усмрти 51 лице и над десетина рани во две џамии во Крајстчерч.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега