Четири лица тешко повредени - Возило излета од пат во Македонија

Четири лица се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Тетово кога на патот Раковец - Боговиње, во тетовското село Боговиње, каде возило излетало од патот.

Околу 9 часот и 50 минути, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Раковец - Боговиње, во тетовското село Боговиње, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 39-годишниот М.Р. од тетовски Пирок, изгубило контрола над возилото и излетало од коловозот, а сопатниците А.Џ.(68) и Х.Р.(47) од Боговиње, како и малолетничка од Пирок се здобиле со тешки телесни повреди, а М.Р. со телесни повреди.

Четирите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен е комплетен увид.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега