Четири лица по претрес од полицијата уапсени во Скопје

Четири лица уапсени по претрес од пилицијата во Скопје поради поседување на марихуана.

-Првиот случај е пријавен вчера во 12.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Вергино“ ги лишиле од слобода С.Ш.(26) и Д.М.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Подоцна во 17.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на Рекреативниот центар Езеро Треска го привеле С.Г.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

И третиот случај е пријавен рано утринава во 01.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф.П.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на сите три случаеви против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега