Четири лица, меѓу кои и малолетно девојче уапсени во Скопје поради поседување на дрога

Четири лица, меѓу кои двајца малолетници биле уапсени вчера во Скопје поради поседување на дрога.

„Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Бледски договор“, го лишиле од слобода К.С.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Половина час подоцна полициски службеници од СВР Скопје на бул. „Гоце Делчев“, лишиле од слобода 16 годишна малолетничка затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Попладнето во 15:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Анри Барбис“, лишиле од слобода 17 годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, го лишиле од слобода Л.Ј.(25) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега