Четири години затвор за Елвис Кељменди

На Елвис Кељменди, син на балканскиот нарко бос Насер Кељменди, Мешаниот судски совет на Основниот суд во Приштина, вчера го осудил на четири години затвор заради обид за убиство, јави дописникот на МИА.

Кељменди првично беше обвинет за тешко убиство во обид над Елвис Хоџиќ во Босна и Херцеговина, во 2010 година.

За време на судењето Кељменди ја призна вината и обвинението беше преиначено во обид за убиство. Кељменди најнапред беше уапсен од Косовската полиција врз основа на црвена потерница, која ја објави Интерпол, но подоцна беше ослободен.

Потоа полицијата на ЕУЛЕКС повторно го уапси врз основа на истргата спроведена од мешана екипа на обвинители на Еулекс и на Косово и врз основа на информации добиени од БиХ. 

најчитано сега