Чешка ги отвора границите за граѓаните на ЕУ, земјата се опорави од коронавирусот

Чешката влада објави дека ќе ги отвори своите граници за граѓаните на ЕУ на 21 јуни, бидејќи земјата полека се опоравува од пандемијата на коронавирусот.

За да влезат во Чешка, патниците треба да направат негативен тест за Ковид-19, доказ за вакцинација или документ дека прележале Ковид-19.

Слични правила веќе беа воведени за државјани на Германија, Австрија, Хрватска, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија.

Владата исто така дозволи зголемен број на луѓе да присуствуваат на културни настани, 1.000 луѓе внатре и 2.000 надвор. Студентите и нивните наставници исто така имаат право да не носат маски во повеќе региони во земјата.

На почетокот на годината, Чешка предводеше во светот според бројот на заразени и починати од коронавирус во однос на бројот на жители. Земјата со 10,7 милиони жители досега забележа 1,66 милиони случаи на заразени со коронавирусот, а 30.164 лица починале досега.

Сепак, дневната бројка на новозаразени се намали на помалку од 500 лица пред една недела.

Продавници, ресторани, кина, театри и концертни сали беа отворени пред неколку недели, сепак ограничувањата, како што е задолжителното носење маска, сè уште се на сила.

08.06.2021 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа