Чавушоглу на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Република Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа