Чавков: Уставниот суд ја бетонира праксата на политички пазар преку подобни судии и обвинители

За Уставниот суд и Иницијативата за испитување на уставноста на Законот за амнестија, се огласи Митко Чавков.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост: 

„Пред да се осврнам на одлуката на Уставниот суд, за да не се искривува вистината, сакам да потенцирам дека:

Прво, не поднесов барање за амнестија убеден дека Законот е дел од политички процес кој се одвиваше паралелно со судскиот процес и на самиот крај од доказната постапка, финишираа амнестиите со кои беа опфатени само оние со цена на политичкиот пазар и кои беа донесени од притвор за да ги гласат уставните измени, тоа дефинитивно беше селективо и на штета на владеењето на правото а на линија на воспоставениот принцип на неказнивост токму од менаџерите на процесот;

Второ, јавно преку медиуми и Основен суд Скопје, го повикав тогашниот претседател Иванов да ме изземе од списокот на лица за кои имало Иницијатива за помилување, доколку се одлучеше да решава пред истекот на мандатот. Се разбира дека инсистирв да биде и беше објавен мојот повик во медиумите.

Зошто ги сторив двете работи….. ???!!!

Причината е едноставна, владеење на правото и правото на фер судење за сите опфатени со постапката и во ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА.

Нити се задоволи ниту пак ќе се задоволи чуството на правда затоа што се тргна од вообичаената пракса, од за среќа мал дел на судии и обвинители кои и во минатото и сега тргнуваат од логиката дека за да се задоволи чуството на правда НЕКОЈ МОРА ДА ПЛАТИ, се разбира, тоа се поданиците на политичките влијанија.

А сега за одлуката на Уставниот суд, без да ја коментирм, КРАТКО: ЈА БЕТОНИРАА ПРАКСАТА НА ПОЛИТИЧКИ ПАЗАР И ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ ОДРЕДЕНИ ЗА ТАА ЦЕЛ ПОДОБНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ СО ПРОТИВУСТАВЕН ЗАКОН КОЈ ДИРЕКТНО ЈА ПОДРИВА ПРВНАТА ДРЖАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО.

За целта на Иницијативата, се рководев од идеата да се отвори стручна и академска рсправа , па можеби ќе слушнавме дали постои некаде во светот пример на СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКА АМНЕСТИЈА. Тоа го потенцирам за да е јсно дека никако не беше целта како што коментира една ОБВИНИТЕЛСКА “ЅВЕЗДА” ВЕЌЕ ВО ПРОЦЕС НА СОГОРУВАЊЕ И ИСЧЕЗНУВАЊЕ да бидат амнестирани сите инволвирани во настаните од 27 април – НАПРОТИВ!!!!

ЕДНА НЕПРВДА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА СО ДРУГА НЕПРАВДА!!!

За крај, имаме јавни признанија од најповиканите носители на политичка моќ за одлучување кои експлицитно објснуваат зошто е донесен токму таков закон ….
Уште една битка е изгубена, но војната ќе ја извојуваме во Стразбур!!!

Борбата продолжува, со силата на правните аргументи!!!!

п.с. Благодарност на мојата ќерка која го менаџира мојот ФБ профил….“, напиша Чавков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега