Чавков потпишал налог за прислушување на началник - следени телефоните на малолетниот син и родителите на инспектор

Гоце Митровски, вработен како главен инспектор во криминалистичката полиција при МВР, на денешното рочиште на „Таргет-Тврдина“ рече дека и тој бил незаконски прислушуван, пренесува Фокус.

-Шест мобилни броеви и домашниот број ми биле прислушкувани. Еден број што бил прислушкуван бил на мојот малолетен син, а другите беа на моите родители – рече Митровски.

Исто така, прислушуван бил и пензионираниот полициски началник Ламбе Бучков, кој пред судот

рече:

-Не сум прислушкуван по наредба на Јанкулоска, туку таа ингеренциите ги имаше пренесено на директорот за Државна безбедност. Налог за мое прислушкување има потпишано и Митко Чавков. Јас сум бил прислушкуван до 2016 година - рекол Бучков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа