Чавков: Му кажав на Иванов да ме изземе од списокот за помилување

Поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој е осуден на 18 години затвор за заснатните на 27. април во 2017 година, на социјалните мрежи напиша дека не поднел барање за амнестија од причина што бил убеден дека Законот е дел од политички процес кој се одвивал паралелно со судскиот. Чавков смета дека Законот за амнестија бил селективен и на штета на владеењето на правото. Тој вели дека со Законот биле опфатени само оние со цена на политичкиот пазар кои биле донесени од притвор за да гласаат за уставните промени.

Чавков исто така потесети дека го повикал тогашниот претседател Иванов да го изземе од списокот на лица за кои имаше Иницијатива за помилување, а причината била владеење на правото и фер судење на сите опфатени со постапката и во интерес на вистината.

Во однос на одлуката на Уставниот суд вели дека со тоа е бетонирана праксата на политичкиот пазар и политичко влијание преку одредени судии и обвинители со противуставен закон кој, како што вели, дирекно ја подрива правната држава и владеењето на правото.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега