Чавков доби највисока казна затвор во времетраење од 18 години

Судијката Добрила Кацарска денеска ја соопшти пресудата за „27 април“, според која повеќето обвинети беа прогласени за виновни, и добија високи затворски казни, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Митко Чавков ја доби највисоката казна затвор од 18 години, а ослободен од обвинението беше Игор Дурловски.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега