Чадиковски: Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски кој е актуеледен изминатите денови откако даде оставка од клиниката „Жан Митрев“, на својот Инстаграм профил објави фотографија за која вели дека е пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитет третман за децата било секогаш приоритет.  

- Оваа фотографија е вистински пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитетен третман за децата беше секогаш приоритет. Кога здравјето на најмалите беше пред личните интереси, политика, пари... Здравјето и грижата за децата за мене е најважно. Останувам посветен на борбата за здрави генерации. Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои, во подобри услови и подобар систем, напиша Чадиковски на инстаграм. 

Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург, по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, премина во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови. Таков беше договорот меѓу државата и болницата на Жан Митрев а Фондот ги покрива операциите. По шест месеци работа во оваа здравствена установа, минатата недела поднесе неодповиклива оставка од оваа позиција. 

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

Убавите времиња зборуваат за убави резултати. Оваа фотографија е вистински пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитетен третман за децата беше секогаш приоритет. Кога здравјето на најмалите беше пред личните интереси, политика, пари... Здравјето и грижата за децата за мене е најважно. Останувам посветен на борбата за здрави генерации. Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои, во подобри услови и подобар систем.

A post shared by Vladimir Cadikovski, MD, PhD (@cadikovski.vladimir) on Aug 15, 2019 at 11:11am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега