Церар: Се надевам дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори во март

Оптимист сум дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и се надевам дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори за членство во март, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни рабори Миро Церар, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.

-Убеден сум дека Северна Македонија и Грција напарвија историски напредок со потпишувањето на Преспанскиот договор. Северна Македонија покажа политичка мудрост и храброст и подготвеност за реформи. Нема сомнеж дека на Северна Македонија ќе и биде одобрен старт на преговорите, потенцира Церар.

Тој оцени дека Албанија, исто така, постигнала напредок, пред се, во процесот на ветинг, па затоа се надева дека на двете земи ќе им биде одобрен почеток на преговорите за членство во март.

-Словенија силно ги поддржува Северна Македонија и Албанија за почеток на процесот на преговори. Тоа е особено важно за граѓаните на двете земји, нагласи Церар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега