Најновите податоци на Народната банка потврдуваат дека недвижностите во главниот град продолжуваат со вртоглав раст. Во четвртиот квартал од минатата година, цените на становите во Скопје поскапеле за неверојатни 25 проценти на годишно ниво.
Статистиката покажува континуиран нагорен тренд во текот на целата измината година, при што третиот квартал исто така бележеше раст од 25,1%. Колку е сериозна состојбата на терен покажуваат податоците од Катастарот:
- Рекордна цена: Стан од 91 м² во општина Центар е продаден за 280.000 евра.
- Цена по метар квадратен: Купувачот платил рекордни 3.000 евра за м².
И покрај овие високи суми, побарувачката за станови останува висока, што дополнително го подгрева пазарот на недвижности во Скопје.

