Цените растат: Земете повеќе пари ако планирате одмор во Грција ова лето

 

Грција годинава очекува голем прилив на туристи од Романија и Бугарија, и сопствениците на приватното сместување тоа го искористија да ги зголемат цените за околу десет отсто.

Поголемата побарувачка во Србија за одмор во Грција и оваа година ќе влијае на цените, а во тоа се уверија сите оние кои до сега веќе се обиделе да резервираат сместување во апартмани, пишува „Политика“.

Цените се зголемени околу десет отсто, но не само поради таксата за престој која беше воведена на 1 јануари, туку и поради огромниот интерес за оваа дестинација.

Но Грција е најпопуларната туристичка дестинација за Германците по Шпанија, а според достапните податоци оваа година земјата ќе пречека повеќе од четири милиони туристи од Германија, јави економскиот портал Торнос Њуз.

Германскиот институт за истражување на пазарот соопшти дека локалните туристички агенции пријавиле 40 проценти зголемување на продажбата на аранжмани за Грција, во споредба со минатата година.

Но и покрај големиот пораст на резервациите, Турција е голем конкурент на Грција за каде бројот на резервации е двојно зголемен во однос на податоците од првите месеци минатата година.

За Македонците, Грција е прва дестинација за одмор. Оваа година за тоа ќе требаат нешто повеќе пари.

 

 

 

12.03.2018 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа