Цените на производители на индустриски производи повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јануари годинава се повисоки на месечно ниво за 0,4 отсто, а се пониски за 0,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јануари 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 отсто.

Во јануари 2019, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 17,1 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за еден отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки 0,7 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,5 отсто на годишно ниво.

Во јануари 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,5 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 отсто.

Во јануари 2019, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 15,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,2 отсто

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега